-Интервју со Маестрa Џана Фрата, диригентка со светско реноме
-Interview with renowned conductor Maestra Gianna Fratta
(28.05.2016)
"Пучини е најголемиот оперски композитор.."
Interview and Italian translation by: Milan Jankuloski
Интервју и превод од италијански: Милан Јанкулоски
English translation by: Dino Imeri
Превод на англиски: Дино Имери

Во рамки на 44-то издание на Мајски оперски вечери на 26.05.2016 во Македонска Опера и Балет во Скопје беше изведена операта Турандот водена од познатата италијанска диригентка со светско реноме Џана Фрата.
Џана Фрата завршила високо образование по пијано и компонирање со највисоки оцени, како и оркестарско диригирање со оцена 10 Cum Laude, учејќи со Даниела Каратори, Отавио Де Лило и Рино Мароне. Се усовршува по пијано со Франко Скала во Имола и Серџо Пертикароли во Рим и ја добила престижната диплома за заслуга и стипендија за Академијата Киџана во Сиена, каде посетувала студии за оркестарско диригирање водени од Маестро Јури Ахронович.
Операта Турандот важи за една од најпопуларните опери на овој композитор а и воопшто за целото оперско творештво. Тоа е дело во три чина напишано по либретото на Џузепе Адами и Ренато Симони. Текстот се базира на истоимената драма од Карло Гоци во адаптација на Фридрих Шилер.
Пучини не успеал да ја доврши операта поради неговата смрт понатака таа била довршена од неговиот ученик Франко Алфано.
Во продолжение следува интервју со диригентката реализирано непосредно по претставата.
Милан Јанкулоски: Пред сé, сакам да Ве поздравам и да Ви посакам добредојде во Скопје. Благодарност што сте овде со нас во Македонската опера и балет и навистина ни претставува чест да соработуваме со Вас.
Маестра Фрата, започнуваме со Турандот: приказна за љубовта, тајната, животот, надежта, крвта, името, во стариот Пекинг никој не спие, две срца- едното би било мртво, без љубовта на другото.
Што раскажува оваа приказна, со оваа извонредна музика?
Џана Фрата: Раскажува секако една приказна за љубовта, но љубовта не само онаа на Калаф за Турандот, туку и за големата љубов и големата надеж на Лиу, која се вљубува во Калаф само поради една насмевка, од оној ден кога тој ѝ се насмевнал, живеела подготвена дури и да умре за него. Навистина е огромна љубовта на Лиу. Потоа, овде е љубовта помеѓу таткото и синот. Посебна форма на љубов претставува љубовта на Тимур, среќен што го гледа својот син Калаф. Навистина е убава приказна. Воедно ова е и приказна за надежта, за желбата да се победи, за предизвикот, за желбата да се предизвика и да се ризикува сопствениот живот за една љубов.
Значи, претставува многу романтичен идеал, љубовта и смртта кои се испреплетуваат, многу мажи умираат за Турандот, но Калаф победува. Прекрасна приказна, со извонредна музика, можеби со најубава музика за опера, што воопшто некогаш е напишана во историјата.
М.Ј.: Кој е Пучини за Вас?
Џ.Ф.: Пучини за мене е најголемиот оперски композитор. Јас сум Италијанка и ние имаме многу големи композитори, секако Верди, потоа Вагнер, којшто не е Италијанец, но за мене Пучини е великанот. Тој е музичар којшто го чувствувам многу близок. Навистина сум диригирала многу од неговата музика, Триптихот, Боеми, Тоска, навистина многу музика. Jас го сметам навистина за гениј и во оркестрирањето, извонредна е таа негова способност да се биде еластичен во темпото, наспроти Верди којшто е многу построг. Лично сметам дека е најголемиот композитор што некогаш постоел.
М.Ј.: Што претставува за Вас операта?
Џ.Ф.: За мене е мојот живот, бидејќи јас живеам диригирајќи опери. Значи, за мене е навистина мојот живот. Тоа е најголемата форма на уметничка претстава. Најкомплетната. Затоа што има пеење, има музика, има глума, има режија, има сценографија, има балет, треба да има добри актери, има текст-либрето, значи има литература, има поезија, има историја. Според мене е највисоката форма на уметност што постои, затоа што во неа ги содржи сите други уметности.

М.Ј.: Раскажете ни, каков беше Вашиот тек на студиите и почетокот на Вашата кариера?
Џ.Ф.: Навистина учев многу. Започнав со пијано, потоа компонирање, оркестарско диригирање, корална музика, хорско диригирање, потоа дипломирав и на право, што значи дека навистина учев многу.
Започнав кога бев многу мала, имав само пет години. На девет годишна возраст, кога за прв пат го слушнав оркестарот, помислив дека навистина сакам да станам оркестарски диригент.
М.Ј.: Што значи за Вас, тоа што сте диригентка на оркестар? ...Велам диригентка!
Џ.Ф.: Да, секако. Тоа е еден голем предизвик, бидејќи сé уште нема многу жени диригенти. Сите се навикнати да гледаат мажи на подиумот, што значи секако кога ќе се види жена, секогaш има малку изненадување, чудење. Многу пати сум била првата жена диригент на многу оркестри како што беше случајот со Берлинер Симфоникер, Симфонијата на Макао, Операта во Рим. Во многу големи оперски куќи јас бев првата жена диригент. Меѓутоа, тоа не е добро, бидејќи значи дека малку жени стигнуваат до големите театри. Се надевам дека во иднина ќе има сé повеќе диригенти жени.
М.Ј.: Дали некогаш сте имале искуство како професор по оркестарско диригирање?
Џ.Ф.: Јас предавам од пред повеќе години во конзерваториум во Италија, но не предавам оркестарско диригирање, туку композиција. Значи, предавам пишување музика, предавам многу. Предавам во Италија, одржувам мастер класови на многу универзитети. Предавам и во Кореја. Имам предавано на мастер класови во Америка, Турција... на многу места.
М.Ј.: Кои се Вашите следни ангажмани?
Џ.Ф.: Следниот месец одам во Сеул каде што ќе ја работам Травијата. Веднаш потоа Кавалериа Рустикана во Сицилија, потоа Дон Паскуале во Марибор, потоа Риголето во центарот на Италија. Многу, навистина многу, потоа следи Боеми, а во декември многу симфониски концерти, што значи дека до јуни 2017 г. сум целосно зафатена.
М.Ј.: Маестрa Фрата, Вие сте веќе позната како интернационален уметник, би рекол светски. Што би им посоветувале на младите уметници кои сега ја започнуваат кариерата?
Џ.Ф.: Ги советувам, пред сè, да учат многу. Учењето е нешто што е најмногу потребно. Да се биде подготвен е многу корисно, потоа да имаат сила да се обидат, да не се предаваат, да продолжат да го бараат начинот, патот до успехот. Меѓутоа мојот совет е и да веруваат во тоа, да се вложуваат себеси пред сé со учење, без да бараат некој пократок пат. Да одат по долгиот пат, само така ќе дојдат до целта.
М.Ј.:Секогаш е задоволство да Ве имаме овде, Маестрa. Ви посакуваме успешна работа во Вашите следни проекти и благодариме што бевте со нас!
Тимот на Музички Патувања и пожелува уште многу големи успеси на Маестра Фрата!