-Interview with Croatian pianist Danijel Gašparović
-Интервју со хрватскиот пијанист Данијел Гашпарович
(20.07.2015)
"..највредните работи не се видливи со очи туку со срце.."
Choose a language / Изберете јазик
МАКЕДОНСКИ - ENGLISH
МАКЕДОНСКИ - ENGLISH
Драги читатели, со задоволство Ви претставуваме уште едно интервју на Музички Патувања - место каде ќе се обидеме да најдеме одговори на значајни прашања поврзани со музиката и музичарите.
Денес, го објавуваме разговорот со хрватскиот пијанист Данијел Гашпарович кој, покрај тоа што е пијанист, исто така е добро познат уметнички директор на уметничката организација Кристофориум.
Данијел потекнува од музичко семејство, неговите родители - од кои двајцата пијанисти и професори - влијаеле на неговиот музички развој, а денес Данијел соработува со својот татко, пијанистот и универзитетскиот професор Љубомир Гашпарович во Кристофориум во обид повторно да се оживее музичката сцена во нивниот роден град Загреб, а со тоа да се допринесе со свежи музички настани кои вклучуваат и млади уметници, покрај добро познатите мајстори.
Данијел исто така дипломирал во класата на својот татко на Музичката Академија во Загреб, а ги завршил пост-дипломските студии под менторство на проф. Џорџе Станети.
Како млад и перспективен пијанист, Данијел Гашпарович остварил настапи во повеќе европски земји меѓу кои Хрватска, Словенија, Италија, Македонија и други, а уште во своите студентски денови - рано сфаќајки ја борбата на младите уметници за повеќе можности - тој е активен член и организатор на циклусот Виртуозо во склоп на Музичката Академија во Загреб во соработката со својот колега Крешимир Старчевич.
Разговорот го започнавме во наш стил.
Дино: Данијел, што е Музика?
Данијел: Музиката е неопислива, нешто што не може да се опише со зборови, цел кон која можеме само да се стремиме. Најблиската дефиниција за Музика е Љубов. Таа е нешто што луѓето не можат да ја ограничат со време, бројки, дефиниции, мерки. Музиката е потрага по безгранична слобода. Музика е давање. А за мене, давањето е плод на љубовта.
Дино: Кои се твоите најрани сеќавања поврзани со музиката?
Данијел: Моите најрани сеќавања досегаат до моите најрани години. Ја слушав музиката и уживав во неа уште пред да се родам, ако можам да се изразам така, бидејќи мојата семејна куќа беше секогаш исполнета со прекрасна музика. Мојот татко е пијанист, штимер и градител и репаратор на стари пијана како и професор на Музичката Академија во Загреб. Мојата мајка е исто така пијанист и професор во музичко училиште, мојот најстар брат Лука свиреше на хорна, а мојот друг брат Филип свиреше на пијано исто така. Секогаш бев опкружен со пијана (имавме барем 3 или 4 пијана дома во секоа време). Отсекогаш сум ја сакал музиката, а преку неа сум научил многу работи и сеуште учам денес.
Дино: Какви работи?
Данијел: Работи за.. луѓето, љубовта, чувствата.. комуникацијата, времето, рационализацијата. За животот. Сеуште се сеќавам на мојот прв јавен настап. Имав 6 или 7 години и изведував композиција која се викаше Волга во Хрватскиот Институт за Музика. Салата беше исполнета со луѓе, а некои од нив дури ми фрлија ружи. Се сеќавам дека многу ми се допадна тој прв пат пред публика.
Дино: Знаеме од твојата биографија дека си настапил многу пати во минатото и како студент, но и по дипломирањето. Колку можности имаат младите луѓе во твојата земја да настапуваат јавно? Кои се проблемите на младите уметници денес?
Данијел: Младите музичари немаат многу можности да настапуваат во мојата земја. Особено кога разговараме за рецитали или настап со оркестар. Тие не можат да живеат од свирење во Хрватска. Пијанистите се приморани да работат во училиштата и тоа ако имаат среќа да најдат работа. Ако не се, тогаш се приморани да најдат било каква работа само за да преживеат. Освен, секако ако се богати. Тогаш нивните родители плаќаат за нивно школување надвор од земјата кое обично трае долго, долго време.. додека не остарат.
Хрватска е прекрасна земја, има се' што може да се замисли - совршено приморје, прекрасна природа, убави градчиња обележани со историја и традиција, директна конекција со повеќе развиени земји. Толку многу различни работи на мал простор. Но, исто така има и луѓе кои не прават ништо за културата, музиката, традицијата.. луѓе кои не ги гледаат убавините кои Бог им ги дал. Не го почитуваме она што го имаме како што би требало. Така што, во такви услови - каде парите, моќта и желбата да се владее се повисоки цели од нашите благородни цели како луѓе - не можеме да се развиеме во она што треба. Хрватска има потенцијал да изгради значајни музички фестивали во скоро секое градче и поголеми градови, но мора да инвестираме во музиката. Нашата влада смета дека музиката е неважна. Имавме претседател кој е музичар, нашиот министер за култура е исто така музичар и ништо не се случува во насока на подобрување на условите за културата и музиката.. Новата Академија во Загреб беше изградена неодамна после повеќе од 10 години градежни активности, а најсилното туркање да се реализира тоа беше од страна на градоначалникот на Загреб кој нема никаква конекција со музика.
Имаме многу проблеми тука. Немаме менаџери или агенции кои ќе се грижат за младите уметници во Хрватска, така што мораме да си ги организираме и менаџираме концертите сами. Луѓето кои одлучуваат кој ќе свири, а кој не обично немаат некоја врска со музика, едноставно се ставени на таква позиција. Така што мораме да се бориме за секоја можност да настапуваме - нешто кон што сме се стремеле и сме работеле за тоа целиот живот. Мораме да се избориме за да дадеме и за да го поделиме она што го имаме - талент, знаење, се' што можеме да го поделиме со луѓето. Но, сметам дека треба да заземеме став за она што го сакаме вистински и да не се откажеме. Можеби нема смисла за некого, но за мене тоа е вистината.
Дино: Но, што можеме ние како млади уметници да сториме за да го промениме музичкиот пејзаж на денешнината?
Данијел: Мислам дека мора да бидеме креативни, да се осмелиме да размислуваме, да развиваме, да ја употребиме нашата имагинација за да создаваме. Не треба само да критикуваме, треба да делуваме. Мора да видиме што недостига и да го поправиме тоа. Мораме да се обидеме повеќе за следната генерација да има подобра база за да продолжи да го развива она што ќе го оставиме. Мора да бидеме поврзани едни со други и да се поддржуваме преку музиката, со други зборови да не бидеме како изолирани острови. Не треба да се плашиме да се обидеме, дури и да погрешиме сосема можеме и од тоа да научиме нешто вредно. Знаете кој не прави грешки никогаш? Оној што никогаш не работи, што никогаш не се обидел да направи нешто вредно. Го гледам тоа во Загреб.. немаме платформа за пијанисти. Не можам да чујам хрватски или странски пијанист во градот наречен "Мала Виена".
Токму затоа, јас и мојот татко го основавме "Кристофориум". После една година напорна работа, туркајќи идеи кои на многу луѓе им се чинеа невозможни, без пари и многу работи кои други луѓе ги користат како оправданија, после неколку промотивни концерти и презентации во медиумите, како и многу бирократски процедури конечно започнуваме со 2 концертни циклуси во Октомври во две различни концертни сали. Ќе имаме десетина концерти од Октомври 2015 па се' до Мај 2016 на кои ќе настапат некои од најдобрите хрватски пијанисти и интернационални артисти како што се Малколм Билсон, Штефан Владар и Борис Гинзбург. Ќе се обидеме да направиме нешто позитивна за општеството, да ја збогатиме културната понуда. Имаме многу големи планови, но се надевам ќе имаме прилика да поразговараме за нив кога ќе ги реализираме.
Дино: Ви посакувам среќа во вашите идни активности. Данијел, на пофилозофска страна - што е највредната животна лекција која си ја научил од музиката?
Данијел: Дека сме тука да даваме, да сакаме на безграничен начин. Тоа е начинот на кој јас ја сакам музиката.
Дино: Дали сметаш дека класичната музика треба да се популаризира, и ако да тогаш на каков начин? Колку простор има за компромиси во музичката содржина?
Данијел: Сметам дека класичната музика може да се популаризира на многу едноставен начин - дај им класична музика на луѓето и тие ќе ја прифатат. Секој вид на т.н. кросовер или друга комбинација за мене не претставува популаризирање на класичната музика. Напротив, се создава нов жанр кој нема допирна точка со класичната музика. Секој композитор создал единствено уметничко дело. Не можете едноставно да додавате нешто само да го направите делото подопадливо. Тоа е само за луѓе кои мислат на себеси, својата слава, пари, популарност.. Ние сме тука да и служиме на музиката како изведувачи - да ја раскажеме приказната која е веќе напишана, но на наш специјален и единствен начин. Секој човек на планетава е различен, но сите трагаме по вистината, по љубовта. Во мојата омилена книга "Exupery in the Little Prince" пишува дека највредните работи не се видливи со очите туку со срцето. Јас верувам во тоа. По срце, ние сме сите браќа и сестри и верувам дека музиката, особено класичната музика може да ја ојача врската меѓу сите нас.
Дино: Значи гледање со срце, а не со очи - се чини дека нема многу простор за судење. А сепак, обземени сме со музичките натпревари - настани каде пијанистите се одбираат, а нивната изведба ја оценува жири. Музичките натпревари се неодминлив дел во животот на младите музичари, а сепак има многу контроверзи околу нив. Кое е твоето мислење?
Данијел: Денес, секој пијанист кој сака да изгради кариера мора да учествува на натпревар. Но, вистинското прашање е - дали музички натпревар постои како термин воопшто? За мене, тоа е многу збунувачки. Дали може да има натпревар за тоа како да се сака некого? Кој ќе сака подобро или повеќе? Мислам дека не. Музичките натпревари претставуваат и можност за младите музичари да се покажат и да бидат видени. На тој начин може да има бенефит. На натпреварите добивате оцена за вашиот занает. За нешто што луѓето обично го нарекуваат техника. За мене и техниката е уметност, а не само занает. Така што добивате оцена за само еден сегмент од вашата музичка личност. Добивате пари и неколку концерти. Ако има среќа, можеби некоја дискографска куќа ќе ја сними вашата изведба и некогаш некој ќе го слушне тоа. Преферирам рецитални настапи повеќе од натпревари. Навистина треба да го развиеме музичкиот пејзаж да овозможи повеќе можности за младите луѓе да настапуваат пред публика, да ја почувствуваат сцената и да изградат искуство. Луѓето знаат што сакаат да слушаат.
Дино: Неодамна имавте многу успешни настапи во формација пијано-дуо заедно со твојот колега Никола Кос. Кои се позитивните страни на една таква соработка кои би можел да ги преточиш и во солистичкото свирење?
Данијел: Во камерната музика создавате со некого. Навистина учите да слушате правилно и да комуницирате на едно поинакво ниво. Не сте сам. Никој не сака да биде сам. После едно такво искуство, можам да применам поинаков пристап кон солистичките композиции. Верувам во тоа дека секој пијанист треба да се развива преку камерното музицирање. Навистина сакам да свирам во дуо-пијано формација. Отсекогаш сум сакал.
Дино: Данијел, ти си исто така млад и успешен професор. Дали учиш од твоите ученици колку што и тие учат од тебе? Што можеме како професори да направиме за нивната иднина во музиката?
Данијел: Учам многу од моите ученици секој миг што го минувам со нив на часовите. Да се биде професор е огромна одговорност, но и радост. Се обидувам со нив да споделам знаење, но и ако можам да ги инспирирам да создаваат сами, да уживаат во музиката, да имаат нивни ставови, нивен пристап. Тука сме да им помогнеме да го најдат најдобриот пат за себе. Треба да им покажеме што музиката може да направи за нив, за да може тие да ја третираат нејзе со почит.
Дино: На самиот крај, зошто се ова Данијел? Зошто музика?
Данијел: Музиката е мојата прва љубов, нешто што ми е дадено, а мојата одговорност е да возврата со напорна работа и труд, време и се' што можам да понудам. Мислам дека музиката ме одбра мене, таа е вистински и чист подарок.
Дино: Музички Патувања ти се заблагодарува за времето и ти пожелува тебе и на Кристофориум се најдобро во иднина.
Данијел: Благодарам, се најдобро и на вас.
Пронајдете не' на Facebook.
(Тимот на Музички Патувања се оградува од одговорите на соговорниците; Музички Патувања само презентира платформа за дискусија)