-Интервју со младиот и перспективен пијанист Арда Мустафаоглу
-Interview with the young and perspective pianist Arda Mustafaoglu
(12.09.2015)
"Најмногу ми се допаѓа Концертот за пијано и оркестар бр.1 од П.И.Чајковски"
Choose a language / Изберете јазик
МАКЕДОНСКИ - ENGLISH
МАКЕДОНСКИ - ENGLISH
Драги посетители, по кратка пауза имаме можност да Ви претставиме уште еден интересен разговор со еден од најинтересните млади пијанисти. Нашиот денешен соговорник има само 13 години, а веќе е лауреат на повеќе престижни меѓународни натпревари, учесник на бројни концерти и полека, но сигурно чекори кон блескава музичка иднина. Станува збор за Арда Мустафаоглу, ученик во класата на проф. Самира Мустафаоглу во Државниот Музичко Балетски Училишен Центар "Илија Николовски-Луј".
Иако многу млад, Арда позади себе бележи бројни успеси - голем број награди на државни и интернационални натпревари (Државен Натпревар - Скопје, Меѓународен Фестивал "Пера" - Р. Турција, Светски Интернет Пијано Натпревар - прва награда во својата категорија, Лауреат на Арт Фестивал - Дојрана, Меѓународен Натпревар во Перник, Бугарија - лауреат, Меѓународен Натпревар во Р. Србија - лауреат, Апсолутен победник на ЕПТА Натпревар во Р. Албанија..), но и остварени концерти во Концертна сала на ФМУ, Салон 19,19, Даут Пашин Амам - Скопје, Дом на Култура во Куманово и др.
Неодамна, Арда издвои уште еден успех - настапи во Врање, Р. Србија каде во еден ден настапи на два концерти во рамки на "Piano Summer", солистички, но и со квинтетот "Marmara" од Р. Турција со кого го изведе Концертот за пијано и оркестар од Ј. Хајдн. Како што може да забележите, повеќе од доволно причини да поразговараме со него, како и со неговата мајка и професорка Самира Мустафаоглу околу нивните доживувања.
Дино: Арда, добредојде на Музички Патувања. На самиот почеток од нашиот разговор да поразговараме за твојот прв контакт со музиката и пијаното. Кога започна да свириш на пијано, зошто се одлучи токму за пијано и дали некогаш си сакал да свириш на друг инструмент?
Арда: Ви благодарам. Започнав да свирам на пијано на 4 годишна возраст. Мојата љубов кон пијаното потекнува од мојата мајка која е професорка по пијано. Често пати знаев да присуствувам на часовите со нејзините ученици и многу природно понатаму следеа моите први настапи.
Д: Проф. Самира, како Вие како родител и подоцна негов професор ги доживеавте почетоците на Арда?
Самира: Арда растеше со пијаното и неговите први настапи беа многу спонтани. Неговиот однос кон инструментот, го гледам и негувам исклучиво како професор.
Д: Арда, секако концертите се дел од животот на еден музичар. Настапуваш често, но што е со тремата? Дали ја чувствуваш и дали правиш разлика помеѓу настап на концерт и настап на натпревар?
А: Се разбира дека на секој мој настап се јавува позитивната трема која ме поттикнува да свирам поубаво. Не разликувам свирење на концерт и на натпревар бидејќи знам дека на секој мој настап треба да го дадам моето најдобро.
Д: Неодамна имаше многу интересен настап - всушност, два настапи и тоа во еден ден. Реткост дури и во животот на веќе реномираните професионални пијанисти, а уште кога ќе се додаде податокот дека програмата ја научи за помалку од еден месец - за што станува збор, кои се твоите впечатоци?
А: Се работи за концерт реализиран како маратон на отворена сцена во рамките на мастер клас кој се оддржи во Врање, Р. Србија наречен "Piano Summer". Во рамките на тој концерт во попладневните часови имав солистички настап, а вечерта свирев клавирски концерт со гудачки квинтет. Се разбира дека чувството да се свири со Мармара квинтетот составен од универзитетски професори при Мармара Универзитетот во Истанбул, Р. Турција беше возбудливо бидејќи тоа беше мој прв настап со камерен состав. Таму работев со професорите Масако Сакаи (Јапонија), Шилде (Германија) и Зоран Имширович (БИХ/Минхен).
Д: Проф. Самира, Арда е млад, но исклучително талентиран и перспективен пијанист. Каква е реакцијата на вашите колеги во странство кога ќе го слушнат на бројните концертни настапи и настапи на меѓународните натпревари?
С: Арда за краток период зема учество на повеќе меѓународни натпревари на кои остави силен впечаток како кај жирито така и кај аудиториумот. Моментот кога после настапот се чека соопштувањето на резултатите и на крај се изговара неговото име како апсолутен победник или лауреат навистина е доживување. Како наставник особено ми значи, после доделата на награди во странство, реакцијата на жирито кое е внимателно и сериозно одбрано со истакнати заслужни имиња од светските музички центри. Потврдата дека е голем талент и воодушевувањето од неговата интерпретација е убаво чувство, но во исто време голема обврска. Најмотивирачки е дека организацијата на натпреварите и член од жирито му доделуваат мастер клас или понуда за континуирано менторство.
Д: Арда, слушаме за твоите успеси и изведби, но што е со другите пијанисти? Дали имаш омилен пијанист и кој е најдобриот пијанист што си го слушнал во живо?
А: Евгениј Кисин, Ланг Ланг, Валентина Лисица, Борис Березовски, Јуџа Ванг, Михаил Плетњов.. Најдобриот пијанист што го имам слушано во живо е Борис Березовски.
Д: Како изгледа еден твој ден, како го организираш вежбањето во склад со твоите останати обврски?
A: Секој ден мора да има период за вежбање и во однос на него ги ускладувам останатите обврски. Со правилна распределба на времето, засега имам време и за учење и за дружење.
Д: Проф. Самира, Вие сте афирмиран музичар и педагог со бројни успеси зад себе. Што е потребно да се изгради професионален пијанист, а подоцна да се пласира на интернационално ниво?
С: Според моето досегашно педагошко искуство кое се темели на професионални контакти на интернационално ниво каде се претставувале мои ученици кои биле забележани имено и од проф. Наум Штаркман, можам да кажам дека се сложувам дека пред се' е да се сака да се стане пијанист. Но, оваа желба треба да е реална. Сведоци сме дека пијанистот е во голем подем. На меѓународно ниво на мала возраст се свират крупни дела, затоа подвигот да се стане пијанист бара сериозен и разумен пристап. Тоа е долг процес на нега, воспитување и начин на живеење. Професионалниот пијанист има континуирани работни навики, природна нервација на рачен апарат, емотивно-психолошка зрелост уште на рана возраст, природни интелектуални предиспозиции, интерес и љубов кон сценскиот настап, надградба на мастер класови со концертни пијанисти и професори кои со своите педагошки резултати завземаат значајно место во светските музички центри. Секако, овие професори работат со млади пијанисти кои носат концертантен потенцијал во себе и најчесто токму на тие меѓународни натпревари бидуваат забележани. Кај просечно талентирани деца со голема посветеност, работа и пред се' одлична наобразба пренесена од наставникот може да се изгради солиден академски музичар кој во иднина ќе биде солиден наставник.
Д: Арда, дали имаш омилен композитор и дали има композиции кои би сакал еден ден да ги отсвириш?
А: Имам повеќе омилени композитори - Шопен, Скрјабин, Хајдн.. секако и композиции. Најмногу ми се допаѓа Концерт за пијано и оркестар бр.1 од П. И. Чајковски.
Музички Патувања се заблагодарува на проф. Самира Мустафаоглу и Арда Мустафаоглу. Им пожелуваме уште многу успеси во иднина, а се надеваме дека наскоро ќе го слушнеме концертот на Чајковски во изведба на еден од најперспективните млади пијанисти - Арда Мустафаоглу!