-Интервју со еден од најдобрите светски хармоникаши Маестро Јуриј Шишкин
-Interview with one of the best accordionist in the world Maestro Yuri Shishkin
(21.05.2016)
"Секогаш ценете ја љубовта повеќе од успехот и ќе бидете на врвот.."
Choose a language / Изберете јазик
МАКЕДОНСКИ - ENGLISH
МАКЕДОНСКИ - ENGLISH
Тој е еден од најдобрите хармоникаши во светот, а неговата скромност е всушност и неговата мудрост и човечка големина. Имавме можност да разговараме со Маестро Јуриј Шишкин од Русија, кој покрај своите многубројни ангажмани одвои време за нашите драги читатели.
Роден во Азов, Русија, неговите музички патувања почнуваат рано. Се школува во Ростов и непосредно по тоа следуваат неговите најголеми победи на некои од најзначајните натпревари освојувајќи седум први награди од десет учества. Светот станува негов дом, а ги освојува најголемите концертни подиуми со својата виртуозност и музичка длабочина изведувајќи разновиден репертоар од светската литература за хармоника, но и адаптации за својот инструмент што го прославуваат како еден од најспретните виртуози на хармоника. За него, музиката е учител.. еден необичен и прекрасен жив свет. За нас, во овој разговор ги открива тајните позади неговите успеси. Се надеваме дека ќе уживате во ова интервју.

Дино Имери: Маестро Шишкин, најпрво Ви благодарам за одвоеното време - навистина ми претставува чест да поразговарам со вас за најубавата уметност - музиката. На самиот почеток, би сакал да Ве прашам - што за вас претставува музиката? Што е тоа што Ве привлече кон тоа да се одлучите да станете професионален музичар?
Јуриј Шишкин: Музика.. од денешна перспектива овој збор ми звучи дури религиозно. Тоа е нешто многу подлабоко од начин за комуникација со светот и публиката. Тоа е начин на размислување, длабочина на чувствата, различна и посебна сила на љубов. Музиката мене ме научи на многу работи, ми отвори многу врати. Јас сум и нејзе благодарен онака како што би можел да бидам благодарен на некоја личност. Можеби поради тоа мојот развој во музичката насока не се прекинува, затоа што јас навистина чувствувам дека допирам еден необичен и прекрасен жив свет. И го правам тоа исто така како и во секојдневниот живот - со почит и нежност.
Кога бев мал, не сакав да бидам музичар, воопшто не ми беше интересно да свирам на хармоника. Ме запишаа во музичко училиште за да не го трошам своето време шетајќи по улици. Веројатно моите родители увидоа колку ја сакам уметноста затоа што многу сакав да цртам, да гледам на телевизија балети, опери, концерти и затоа што многу фантазирав. Тие го одбраа инструментот затоа што веруваа дека токму тој инструмент ми треба. Јас не го делев истото мислење се додека не ги сретнав своите учители. Тогаш сфатив дека музиката е она за кое сум создаден. Моите учители ми помогнаа да си го отворам срцето кон музиката - поточно, тие не ми го затворија како што често тоа се случува. Ден денес сум им благодарен на нив, а од денешна перспектива кога ќе ме прашаат дали е поважен талентот или учителот - им велам учителот.
Д.И.: Вие како музичар создавате и на таков начин допринесувате во општеството. Колку е важна улогата на уметниците денес и зошто на луѓето им е потребна музиката?
Ј.Ш.: Се присеќавам на еден настан кој се случил во Втората Светска Војна. Тој настан ми кажа повеќе за музиката отколку сите книги напишани за неа. Дејствието се одвива кон крајот на војната, кога борбите се воделе во Германија. Во подрумите на една куќа се забарикадирала една група на германски војници кои жестото се бранеле. Ништо не можело да ги натера да ги остават оружјата и да се предадат. Русите неколку пати нападнале, но без успех. Во истата куќа, но на првиот спрат имало пијано. Меѓу советските војници, бил и композиторот Николаи Метнер. Во еден момент кога борбата стивнала и војниците се одмарале и подготвувале за нов напад, тој седнал на пијаното и започнал тивко да го свири првиот став од Бетовеновата Месечева соната. По неколку минути, од подрумот излегле германците со кренати раце. Само замислете ја таа глетка! Тоа е чудо. Музиката е веројатно едно од најголемите чуда во нашите животи само што ние тоа не го забележуваме.
Д.И.: Навистина е така! Вашата биографија изобилува со многу награди, успеси и признанија, а сето тоа е резултат на огромен труд и секако талент. Сепак, дали можете да ни кажете со какви проблеми се соочувавте во младоста и што мислите дека е потребно за да се постигне успех?
Ј.Ш.: Според мене потребни се три работи. Првата - да се има верба во себе. На самодовербата може да и наштетат многу работи, но највеќе можеме да и наштетиме ние самите. Си штетиме со мрзеливот, сомнежи.. не смееме да дозволиме тоа да не' сопре. Дури и да се сомневате мора да продолжите да се движите понатаму. Второ - за да се здобиеш со успех долгорочно гледано потребни се жрвти. Дали сте подготвени да го жртвувате сонот, храната, одморот со пријателите, задоволствата, дружењето со семејството, за да станете и да отидете да вежбате хармоника? Ако одговорот е Да, тогаш можеби имате шанси. Вашата жртва говори за вашата љубов. И трето - сакајте ја музиката и правете го тоа искрено. Секогаш ценете ја љубовта повеќе од успехот, тогаш музиката ќе Ви ги каже своите тајни и секогаш ќе бидете на врвот.
Д.И.: Со голема смелост изведувате комплексни дела кои во оригинал не се напишани за вашиот инструмент. Што Ве поттикна да го проширите вашиот репертоар со такви дела и колку е тешко да се изведуваат?
Ј.Ш.: Свирете го тоа што го сакате и тогаш публиката ќе Ви верува. И тоа нема да Ви претставува тешкотија. Мене не ми е тешко да изведувам било какви комплицирани дела бидејќи сум заљубен во нив. Размислете, тоа е исто како во животот. Кога сте заљубени дали навистина мислите на тоа дека Ви е ладно, или дека сте гладни или пак дека пред вас стои некоја голема препрека? Силата на вашата љубов ќе направи се' да Ви биде лесно. Исто е со музиката. Не залажувајте се' себе си, не залажувајте ја публиката, нема време за тоа! Бирајте ја програмата од срце. Јас многу често свирам клавирска литература, дури и повеќе од оркестарска музика. Веројатно, во минатиот живот сум бил пијанист.

Д.И.: Уште еден интересен податок за Вас е дека пред изведбата на делата на вашите концерти на публиката и раскажувате нешто повеќе околу делата, композиторот и вашите доживувања. Дали ова помага во приближување на тие дела кон пошироката публика која можеби не е запознаена со делата како професионалните музичари? Која е целта на овој ваш интересен пристап?
Ј.Ш.: Секако, тоа им помага на сите полесно да ја разберат композицијата. Само, треба да се зборува во духот на пиесата. Јас тоа го нарекувам говорење во тоналитет на изведуваната композиција, за да нема разлика помеѓу тоа како зборуваш и како свириш. Најважно од се' е да не се заборави со која нота почнува композицијата. Мене овој метод ми помага самиот полесно да се подготвам за следната композиција, да се присетам на чувствата имено за таа пиеса која треба да ја отсвирам. И натаму, можам да ја зголемам динамиката на концертот со промена на интонацијата во зборовите скратувајќи го или зголемувајќи го текстот. Кон крајот на програмата, се треба да тече побрзо, затоа и зборувам помалку. Концертите ги водам само на два јазика - руски и германски. Нив најдобро ги владеам.
Д.И.: Наш најпознат хармоникаш е младиот Александар Коловски. Тој полека, но сигурно ги освојува светските натпревари и сцени. Дали сте запознаени со неговата работа и што мислите за неговото музицирање? Исто така, би Ве замолиле да споделите со нас совет за младите музичари - што е потребно да се успее во светот на класичната музика?
Ј.Ш.: Го познавам Александар одамна. Тој е прекрасен музичар. Со него се среќаваме на големи фестивали во различни земји. Тој е неверојатно лесен во комуникација и со исто таква леснотија свири на хармоника. Изгледа сето тоа што го прави како воопшто да не е тешко. Но, тој свири со душа, а тоа е толку тешко и важно! Публиката го сака. Буквално уште од првата нота, публиката му верува. Тој е чесен музичар.
За почетниците имам неколку мисли кои сакам да ги споделам. Мислам дека наградите се резултат, но не цел. На прв поглед, тоа не е очигледно. Сите ние нешто правиме, се стремиме кон успехот, да бидеме забележани, но не разбираме дека ние самите всушност не го освојуваме успехот. Успехот ни го даваат од "горе". Ни го даваат за нешто. Тоа се случува не тогаш кога ние сакаме, туку кога ќе бидеме спремни. Треба да направиме многу пред да ни биде даден. Слоганот на Пепси "Грабни го животот" тука не функционира. Научете се да давате.
Д.И.: Навистина е така. На самиот крај, дали планирате настапи во Македонија? Дали некогаш сте ја посетиле нашата земја?
Ј.Ш.: Не сум бил досега, но би дошол со задоволство доколку добијам покана.
Тимот на Музички Патувања му пожелува уште многу успеси на Маестро Шишкин!
Превод од руски јазик: Викторија Митеска
Интервју и превод на англиски: Дино Имери