-Interview with Russian pianist Sofja Gulbadamova
-Интервју со пијанистката Софја Гулбадамова
(22.07.2015)
"Треба да и веруваме на музиката повеќе.. дури повеќе од што си веруваме себеси.."
Choose a language / Изберете јазик
МАКЕДОНСКИ - ENGLISH
МАКЕДОНСКИ - ENGLISH
Денес имаме задоволство и привилегија да разговараме за музиката со една од најперспективните уметници - пијанистката Софја Гулбадамова.
Родена во 1981 во Москва, Русија ги започнала своите студии во Гнесинската Специјална Музичка Школа работејќи со проф. Михаил Коколов.
Ги продолжила академските студии на Musikhochschule Лубек во класата на американскиот пијанист Џејмс Токо како и на Парискиот Конзерваториум каде работела со Жак Рувие.
Настапувала солистички, камерно и со оркестри по целиот свет, а меѓу неодамнешните успеси може да ги вброи и настапите во Големата Сала на Санк-Петерсбуршката Филхармонија, Концертхаус во Берлин, настапи во Франција, Швајцарија, Германија, Англија, Соединетите Американски Држави, Австрија, Јужна Америка, Молдавија..
Освоила многу меѓународни престижни награди меѓу кои Aix-en-Provence натпреварот, 6тиот Интернационален Пуланк Натпревар, освоила Гран При на Росарио Марчијано Интернационален Натпревар во Виена, како и 2ра награда на натпреварот "Андре Думортие" во Белгија.
Вбројува повеќе издадени компакт дискови од страна на "Passavant Music" како и данската дискографска куќа "Данакорд" во чије издаваштво нејзиното ЦД добива блескави критики од Би-Би-Си Music Magazine, International Piano и било одбрано како "Избор на уредникот-Editor's Choice" за Ноември 2013 во магазинот ГРАМОФОН.
Погледнете ги останатите нејзини успеси на нејзината официјална веб страна http://www.gulbadamova.com а сега предлагам да го започнеме разговорот во наш стил:
Дино: Софја, ти благодарам за времето. Успеавме да го направиме ова интервју во еден многу зафатен, но продуктивен период за тебе - само што настапи во Германија со програма составена целосно од дела на Шопен.
Софја: Благодарам за твојата покана, Дино.
Д: Неодминливо прашање за нашите гости на Музички Патувања - Софја, што е Музика?
С: Би сакала да започнам со наследството на Д. Шостакович: Мудрост. Љубов. Креација. Смрт. Бесмртност. (За Шостакович, тоа била суштината на Сонетите од Микеланџело кои ги употребил во неговата Свита оп.145. Според неговиот пријател Исак Гликман, тоа е неговото кредо, но и наследство).
За мене, музиката е целиот мој живот. Како што некој кажал, музика не е нешто што правам - туку нешто што сум. Таа најдобар пријател, најдобра поддршка, најдобар лек и помош и најпрекрасниот свет во кој живеам. Да, токму така - музиката е мојот свет.
Д: Кажи ни нешто околу твоите почетоци во музиката, некои рани влијанија?
С: Секако. Претпоставувам никој не успеал да побегне од рани влијанија и идоли! Моите беа (и сеуште се) Свјатослав Рихтер и Владимир Спиваков. Кога ги слушав снимките на Рихтер на радио - без да знам кој свири - секогаш го препознавав. Секогаш кога ќе го слушнев како свири некое дело, веднаш ме инфицираше со желба и јас да го научам тоа дело кое тој го изведува. На таков начин, на пример, Концертот за пијано и оркестар на Шуман, или Сонатата оп.10 бр.3 на Бетовен станаа дел од мојот репертоар многу рано.
Што се однесува до Владимир Спиваков, цело мое детство ја слушав неговата снимка на Концертот од Чајковски изведена со диригентот Сеиџи Озава, меѓу останатите негови снимки. Неговата изведба беше главна причина зошто сонував да станам виолинистка и ми се вроди специјална поврзаност со овој инструмент. Сеуште се сеќавам на сите негови концерти на кои присуствував како дете бидејќи имаа неверојатен впечаток на мене.
Всушност, не мораме да учиме кај некого за да можеме таа личност да ја сметаме за учител. Рихтер и Спиваков секако беа мои учители во таа смисла.
Останати значајни влијанија ми извршија снимките на Емил Гилелс, Леонид Коган, Евгениј Светланов како и неверојатните и инспиративни концерти на младиот пијанист Константин Лифшиц кој е малку постар од мене, а веќе се претвора во еден од најмаркантните артисти од нашата генерација.
Д: Колку е важна добрата подлога, да се учи од добар професор и да се живее во културно-стимулативна средина?
С: Според мое мислење, тоа е многу важно. Со некои многу ретки исклучоци (на пример неодамна го слушавме феноменално талентираниот пијанист Лукас Дебарг кој професионално свири само четири години, а стана сензација на последниот Чајковски натпревар во Москва), најдобрите резултати може да се добијат почнувајќи во многу рана возраст во професионално организиран систем, каде ќе се има шанса да се присуствува на добри концерти и да се биде во допир со големи музички личности од кои се добиваат инспиративни импулси.
Секако образованието треба да ги вклучи сите уметности, да не се изучува само музика туку и литература, сликарство, театар, се' она што може да Ви го зголеми срцето и обогати душата. Да се учи од добар професор е база за целиот музички живот! Како од техничка така и музичка перспектива, професорот може - и треба - да му даде на својот ученик добро опремена инструментална лабораторија од која ученикот секогаш ќе може да го извлече алатот или мудроста која ќе му притреба. Што повеќе старееме, повеќе ќе ни користи тоа знаење во иднината.

Д: Кои се проблемите на младите уметници денес? Што е потребна за да се стане професионален концертен пијанист?
С: Претпоставувам сите ние имаме мислење дека нашата генерација треба да се справува со потешкотии поголеми од претходните генерации - веројатно никогаш нема да дознаеме дали е тоа вистина или не, но она што ме плаши е развојот кој доаѓа од организаторите на концертите кои секогаш одат на сигурна врата - односно, што попопуларни дела има на програмата, полесно ќе се продаде. Но, тоа не може да води никаде! Како да градиме нова публика и да го привлечеме интересот на публиката ако секогаш се изведува истата музика (и тоа не секогаш на највисоко ниво)?!
Нашата задача е исто така едукативна, а во многу прилики сум видела колку се луѓето благодарни кога ќе им пружите шанса да слушнат неконвенцијална програма со дела или композитори кои тие воопшто не ги ни знаат! Така што, во моите очи, тоа е еден од проблемите со кои младите уметници мора да се соочуваат - да бидат присилени од менаџери или концертни организатори да ги изведуваат истите дела цело време, без никаква слобода да развијат своја личност.
Потоа, уште еден проблем се појавува со бизнисот на музичките натпревари каде повеќе техничари отколку музичари се "во мода". Па така, ако пошироката публика и јавност дојде да слуша некоја "нова звезда" некаде во некоја голема концертна сала, автоматски луѓето си мислат дека тој музичар е врв во светот на музиката. Тоа е злобен круг - може да се изгуби чувството да се чуе разликата помеѓу вистински музичар и вештачки создадена "звезда" иако тој збор, во својот современ гламурозен израз треба да се чува подалеку од класичната музика.
Што треба да се стане професионален концертен пијанист? Ох, тоа е едноставно. Потребен е целиот живот.
Д: Која е највредната животна лекција што си ја научила од музиката? Дали можеш да посочиш одреден момент во твојот живот поврзан со музиката кој има посебно место во твоето срце и сеќавања?
С: Се' во мојот живот е поврзано со музиката, навистина е тешко да се издвои еден момент, да бидам искрена. Она што го научив и што продолжувам да го учам е дека во каква ситуација и да се наоѓате, низ каков било пекол да минувате, музиката секогаш дава моќ и комфорт и стимулира да се надмине се'. Таа никогаш нема да ти го сврти грбот кога ти е највеќе потребна. Секогаш ќе те врати во живот, без разлика колку очајно се чувствувате. Треба да и веруваме на музиката повеќе.. дури повеќе од што си веруваме себеси. Музиката има голема моќ врз нас, поголема од било кој друг интелектуален впечаток.
Д: Зошто музика, Софја? Кога и како одлучи дека ќе бидеш професионален музичар?
С: Немаше некој посебен момент на одлука. Музиката отсекогаш била дел од мојот живот уште од моето рано детство, а на еден начин или друг во Гнесинската специјална школа каде се школував од 5 годишна возраст, не припремаа за професионалци уште од првите чекори. Немаше ништо од оној "треба да биде забавно" пристап кој владее во Европа! Започнува со забавното кога си доволно добар, а за да станеш доволно добар треба напорно да работиш! Многу едноставно. Така што, за мене прашањето дали да бидам професионален музичар или не, не постоеше воопшто. Само сфатив (откако се преселив во Германија на 15 години, кога имав дилема како да си го организирам образованието) дека сакам да се занимавам со музика и дека тоа е суштината на мојата личност. За мене беше јасно дека сакам да се посветам на пијано целосно, без компромиси. Тоа е единствениот таков момент на кој се сеќавам. Секако имам сомнежи од време на време дали сум доволно добра во тоа што го правам, што е многу често кај уметници и природно припаѓа во процесот на растење. Тоа е во ред, но се' додека не прерасне во голем психолошки проблем.
Д: Колку си посветена на твојата професија? Дали имаш рутина во вежбањето?
С: Веројатно припаѓам на оние кои се посветени, навистина го сакам вежбањето! Рутина? Не знам. Се додека го правиме тоа што го сакаме со страст, уживаме во секој миг дури и ако однадвор се чини (или звучи) како рутина. Обично не се заморувам од работниот процес па дури и кога физички не го допирам пијаното, музиката продолжува да работи во мојата глава. Така што, овој процес никогаш не застанува.
Д: Што е со тремата? Да се биде професионален пијанист значи настапи во живо. Како се справуваш со тремата и адреналинот?
С: Тоа е тешко прашање. Тремата е нешто што ќе те придружува целиот живот ако немаш челични нерви или ако не поседуваш некоја јоги тајна како да останеш смирен во секоја можна ситуација. Помага ако сте добро спремни. :) Но, сериозно, различно е секогаш. Некои јоги вежби можеби олеснуваат. Но, исто така сметам дека на нас уметниците ни е потребната таа возбуда - ако успееме да ја употребиме позитивно. Потребен е ментален тренинг.
Д: Колку се важни снимките? Дали се замена за концертите, дали се валиден прозорец низ времето?
С: Според мое мислење најважниот дел од снимката е фактот што може многу да се учи од нејзе, како да се подобриме. Покрај фактот што на многу музичари им е многу тешко да ги слушаат сопствените снимки, тие даваат единствена шанса да се фати начинот и пристапот кон одредено дело или стил, барем во дадениот момент. Снимката е секогаш добар сведок до каде сте како музичар и може да биде многу корисна во таа смисла.
Од друга страна, замислете колку би биле осиромашени доколку ги немавме прекрасните снимки на Рахмањинов, Јозеф Хофман, Рихтер, Гилелс и така натаму. Така што дефинитивно тие се прозорец низ времето (како што е и насловен албумот на реставрирани снимки од Рахмањинов кои се дефинитивно во моите најомилени снимки).
Замена на снимка со концерт во живо? Мислам дека не е возможно. Мислам дека нема многу музичари кои можат во студио да ја предизвикаат и репродуцираат атмосферата од концертите во студио.. таа возбуда, спонтаност, страст и адреналинот.
За мене лично она што може да се случи во концертна ситуација е создавање на дело во самиот миг - само еднаш, во тој миг, тоа е вистинско и не може да се репродуцира.. Секогаш ми фали таква инспирација во студио.
Д: Што е со музичките натпревари? Многу пијанисти учествуваат, но не успеваат. Дали мислиш дека е тоа валиден начин да се откријат нови и неверојатни таленти?
С: Па, всушност натпреварите секогаш се многу деликатна тема. Барток во една прилика изјавил "Натпреварите се за коњи, а не уметници."
Она што е точно за повеќето натпревари е дека на нив победуваат оние со најстабилни нерви, но тоа не мора да значи дека се најинтересните уметнички личности. Секако не сакам да навредам никого и сите учесници треба да се почитуваат. Но, некогаш е очигледно дека освојувањето награди нема никаква врска со музиката и уметноста, што дури некогаш ми доаѓа чувство на гадење и се прашувам до каде може да оди ова..
За мене најчудно е следново: да се освојуват први награди значи можност за концерти. Теоретски, жирито треба да избере уметник кој би бил многу интересен за слушање. Но тажната реалност е дека добитниците на награди често (за мене лично) не се толку интересни за да трчам на нивните концерти. Се надевам нешто ќе се промени во таа смисла, бидејќи во моментов оние кои што се навистина интересни за слушање не добиваат концерти бидејќи не добиваат награди.
Д: Софја, ти благодарам за поддршката, времето и интересните одговори. Се надевам дека нашите читатели ќе уживаат во разговорот.
С: Благодарам многу, Дино! Ми беше задоволство.

Find us on Facebook.
(Disclaimer: The Musical Journeys team is not to be affiliated with the answers of the interviewees, it only presents a platform for discussion)