-Interview with Macedonian pianist Darko Kostovski
-Интервју со македонскиот пијанист Дарко Костовски
(04.08.2015)
"Music is an inseparable part of myself and my life.."
"Музиката е неодвоен дел од мене и мојот живот.."
Choose a language / Изберете јазик
МАКЕДОНСКИ - ENGLISH
МАКЕДОНСКИ - ENGLISH
Уште еднаш имаме можност да Ви презентираме уште едно интервју на Музички Патувања. Овој пат, со нас го имаме еден од најталентираните и благородни пијанисти кои доаѓаат од Македонија, човек чии настапи ги инспирира и музичарите и публиката во Македонија и светот. Роден во Скопје во 1978 г., Дарко Костовски остава силен впечаток со своите солистички и камерни настапи низ неговата богата кариера.
Неговите почетоци ги пронаоѓаме во ДМБУЦ Илија Николовски-Луј, каде учел кај проф. Аида Ислам, проф. Марија Писинова и проф. Борис Романов. Дури во оваа рана фаза, публиката во неговата родна земја имаше можност да сведочи за неговиот единствен талент, слушајќи го како изведува комплексни дела на рана возраст како Концертот на П. И. Чајковски на 17 годишна возраст.. соло рецитали.. Препознавајќи го неговиот талент, проф. Арбо Валдма започнува да работи со Дарко и подоцна го кани да ги продолжи своите професионални студии под негово менторство во Musikhochscule во Келн, Германија.
Многу успеси следат како резултат на неговиот талент и напорна работа - награди во Чешка - Усти над Лабем (1993), Таранто, Италија (1995), Јамаха Награда во Вајмар, Германија (1996).. Концерти во Франција, Австрија, Германија, Италија, Белгија, Финска, Египет..
Меѓу неговите успеси можеме да ги споменеме концертите со Келнската Филхармонија, Талинска Филхармонија, Македонска Филхармонија, Оркестар на Музичка Младина, Белградска Филхармонија, Загребачки Солисти како и концерт во палатата Версај во Париз, родната куќа на Франц Шуберт во Виена, Бундестаг во Бон, Опера-Хаус во Каиро и ЕКСПО 2000 во Хановер.
Ентузијаст за камерна музика, Дарко го формира дуото ДАЛИ со виолинистката Лиза Шуман, а нивните настапи во Европа стануваат сензација.
Дефинитивно многу причини да разговараме со Дарко околу неговите искуства во музиката, се надевам ќе уживате читајќи го интервјуто колку што јас уживав во разговорот со Дарко.
Дино: Дарко, ти благодарам за времето. Би сакал да го започнеме разговорот со прашањето над сите прашања - што е Музика?
Дарко: Ти благодарам, Дино. За мене музиката претставува еден нов свет каде што ние уметниците откриваме нови идеи, гледишта и безброј бои кои ја разубавуваат нашата фантазија и воедно ја искажуваат мислата на духовно изразување. Музиката е неразделив дел од животот каде секој човек не би можел да живее без неа. Неописиво е чувството кога музиката ќе го допре нашето срце.
Дино: Кои се твоите први сеќавања на првите контакти со музиката и пијаното?
Дарко: Уште од најрана возраст паметам кога ќе слушнев музика како мало дете ќе се стрчав кон старата печка за греење и ќе почнев да глумам дека свирам на пијано, а всушност во нашиот дом во тогашно време моите родители сеуште немаа купено пијано. Желбата за свирење беше неизмерна и како мал, до ден денес се сеќавам на моментот кога пристигна моето прво пијанино во нашиот дом во Скопје. Ја имав таа среќа да ги започнам моите први часови кај мојата незаборавна професорка Аида Ислам, кој се сеќавам ми ги отвори првичните почетоци на едно неизмерно богатство кое до ден денес нема крај. Но, пред се' мислам дека љубовта кон музиката беше клучниот момент каде што се решив дека тоа е неразделив дел од мене и мојот понатамошен живот.
Дино: Твојот животопис е навистина интересен. Образованието го започна во Македонија, но го продолжи во странство. Зошто се одлучи за таков чекор? Колку беше тешка транзицијата од една во друга средина?
Дарко: Да, моите почетоци беа во МБУЦ Илија Николовски-Луј кај професорите Аида Ислам, Марија Писинова и Борис Романов. Морам да признаам дека тие години некаде околу 1997-1998 беа години кога започнаа немирите во бивша Југославија и целиот Балкан беше во една голема транзиција. Како млад човек имав огромна амбиција да заминам во друга средина за да осознаам нови знаења, многу нови идеи за кои бев сигурен дека ќе ми помогнат понатаму во мојот понатамошен развој. Секако не можам да го изоставам мојот драг ментор и професор Арбо Валдма на кој неизмерно му благодарам за целата негова поддршка која вклучуваше можност за моите студии на Високата Музичка Академија во Келн.

Дино: Колку можности имаш за настапи во Германија и Европа?
Дарко: Професијата музичар пијанист и педагог е многу ценета во Германија, а класичната музика се негува на највисоко ниво. Германија, како земја на Бах, Бетовен, Шуберт, Шуман или пак Штокхаузен има голема традиција во сферата на класичната музика и пружа многу можности за настапи и концерти низ цела земја и пошироко. Како земја со најмногу оркестри буквално во секој поголем град, културни центри, концертни и оперски сали или пак фестивали со светско реноме се само доказ дека Германија е една од единствените земји во светот каде уметниците имаат привилегија да ја исполнуваат својата професија на најдобар можен начин. Последните неколку години покрај солистичките концерти имам остварено голем број камерни настапи како на пр. Бетовен Фестивал (Бон), Еуреџио Фестивал, Кланг Боген Фестивал (Виена), Монтепулчијано Фестивал, соработка со врвни музичари како Павел Гилилов, Паоло Џакомети, Герхард Шулц (Албан Берг Квартет), Матиас Лингенфелдер (Аурин Квартет), Винета Сарејка (Артемис Квартет).
Дино: Навистина впечатливо. А што е со можностите во твојата родна земја - Македонија?
Дарко: Па.. во мојата родна земја Уметникот мора сам да си ги отвара вратите и да се грижи за тоа дали ќе добие концерт на некој од фестивалите или пак мора самиот да се пријавува на конкурси за организација на некој настап, морам да признаам во последните неколку години не успевам да организирам концерт од едноставни причини бидејќи не живеам во Македонија. Мислам дека би требало што повеќе да се покануваат нашите млади уметници кои живеат надвор од границите на Македонија да гостуваат во нашата родна земја. Со самиот факт дека живееш надвор од некоја од европските земји, посебно е чувството да се свири на домашната сцена каде многу пријатели, познати луѓе и колеги ќе дојдат да присуствуваат на некој од концертите. Тоа чувство е незаборавно!!
Дино: Што е она што студентите по музика го имаат како предност денес во однос на времето во кое ти беше студент? Истовремено, кои се предностите кои ги имаше ти кога се едуцираше, а го немаат сегашните студенти?
Дарко: Мислам дека за ова прашање е најважна средината во која се едуцираат младите кадри. Предност можеби е фактот дека младите студенти кои студираат во Германија ја имаат таа привилегија да свират и вежбаат на перфектно наштимани концертни клавири и да ја имаат можноста да учат кај светски познати педагози. Да посетуваат и чујат незаборавни концерти на врвни уметници од областа на класичната музика со неверојатна перфектна акустика во концертните филхармонии, и на многу полесен начин ќе успеат да ја освојат пошироката публика за поголема кариера.
Дино: Дарко, натпревари. Сите разговараат за нив, тие се повеќе или помалку центар на вниманието во светот на класичната музика. Колку ги оправдуваш, дали е натпреварот валиден начин да се пронајдат нови таленти?
Дарко: Натпреварите не секогаш се најбитниот фактор за отпочнување на голема музичка кариера, но сепак се начин за да се воспостават повеќе контакти и платформи со кои идните музички таленти ќе можат да бидат откриени и чуени. Мислам дека секој музичар ќе успее да си го најде местото под ова небо, дали со или без награди на некој од познатите светски натпревари.
Дино: Соработуваш подолго време со виолинистката Лиза Шуман. Како дојде до основање на Дуо Дали? Кои се вашите досегашни успеси и кои се идните планови?
Дарко: Во последните неколку години имам задоволство да соработувам со виолинистката Лиза Шуман со која решивме да оствариме заедничко дуо уште во 2010 г. со добивањето на музичка стипендија од Келнската Академија. До денес имаме остварено големи успеси во областа на камерната музика, сме добивале покани да настапуваме на многубројни познати концертни подиуми за млади уметници кои доаѓаат со поддршка од Фондација Карл Дрокен Штифунг, потоа Интернационалниот Камерен Семинар Монтепулчијано, Италија, Интернационалниот Камерен Камп за нови таленти Вејкершајм, Германија и многу други. За мене тоа беше едно ново откритие и големо искуство да се запознаам со нови композиции и нови предизвици каде двајцата уметници се претставуваат на рамноправен начин. Взаемната музикалност и енергија беа клучниот момент каде јас заедно со Лиза успеваме да ги пребродиме сите нови предизвици и на најпрофесионален начин се обидуваме да ги презентираме делата кои ги свириме на концерт. Нашите наредни концерти започнуваат од крајот на Август веќе имаме концерт во Керпен Ерфтхале, потоа во Октомври гостуваме на фестивалот во Бремен Салтарело, каде ќе имам голема чест да свириме во Зеендесаал Филхармонија, како и концерт во Бехштајн Хаус во Келн во Ноември.

Дино: Со среќа со идните настани! Дарко, совет за младите пијанисти. Како може да се успее во светот на класичната музика? Кои фактори се одлучувачки за да се достигне високо ниво на професионализам?
Дарко: Мислам дека со голема амбиција, истрајност и желба за нови сознанија се најважниот фактор кој ќе биде одлучувачки за да се успее во светот на класичната музика. Покрај талентот што е битен фактор, треба да не се заборави на многучасовното вежбање, вложеното време, големата посветеност и работа заедно со уметничкиот ментор ќе бидат одлучувачки за да се постигне она посакувано професионално ниво за кое сите ние се стремиме.
Дино: Која е најважната лекција која си ја научил од музиката?
Дарко: Не би можел да си замислам да живеам без музиката. Таа е најверен сопатник и верен дружбеник кој ќе остане се до крајот на мојот живот. Тоа волшебно и неизмерно богатство кое ја пружа музиката е најубавото нешто кое може секој човек да го почуствува со своето срце. Музиката не' прави најсреќни, не' исполнува со емоции, ни подарува неописива радост. Таа е најважната лекција во мојот живот, а тоа е почит и љубов - единствен пат по кој треба сите ние да се стремиме. И за крај еден убав цитат: Музиката зборува сама за себе, под услов да и се даде шанса. Јехуди Менухин.
Дино: Дарко, ти благодарам уште еднаш - ти посакувам успех во остварување на твоите идни планови!
Дарко: Ти благодарам, ми беше задоволство.

Find us on Facebook.
(Disclaimer: The Musical Journeys team is not to be affiliated with the answers of the interviewees, it only presents a platform for discussion)