-Interview with Macedonian pianist Marija Gjosevska
-Интервју со македонската пијанистка Марија Ѓошевска
(03.07.2015)
"Вистинскиот натпревар е со себеси, поради себеси.."
Choose a language / Изберете јазик
МАКЕДОНСКИ - ENGLISH
МАКЕДОНСКИ - ENGLISH
На мое огромно задоволство, а верувам и на задоволство на читателите, за музиката поразговаравме со пијанистката Марија Ѓошевска - една од најсериозните, најпосветените и афирмирани пијанисти од Р. Македонија со веќе докажани квалитети и единствен музички сензибилитет. Музички Патувања и се заблагодарува на Марија што одвои време да поразговараме и што ни ја укажа честа токму таа да биде првиот соговорник во нашето прво објавено интервју. Но, пред почетокот на разговорот да ја запознаеме јавноста со досегашните успеси на Марија Ѓошевска.
Родена во 1980 г., Марија Ѓошевска ги освојува концертните подиуми во Македонија, Франција, Англија, Италија, Хрватска, Турција, Бугарија и на просторите на поранешна Југославија. Настапувала со повеќе престижни оркестри меѓу кои Дубровачкиот Симфониски Оркестар, Камерниот Оркестар на Музичка Младина на Македонија, Македонска Филхармонија, Младинскиот Оркестар на фестивал Охридско Лето. Остварила многубројни рецитали во Македонија и Европа, а соработувала и со многу афирмирани диригенти.
Покрај нејзината солистичка кариера, Марија е професор по пијано и предмети поврзани со пијаното на Факултетот за Музичка Уметност - Скопје при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" и се стекнала со звање Доктор по музика.
За да го скршиме мразот, почнавме со прашањето кое е можеби старо колку и човековото постоење.
Дино: Марија, што е Музика?
Марија: Најпрвин благодарам за можноста да говорам за Музиката и уште повеќе што тоа од мене го побара еден голем музичар - пијанист. Музиката е метафизичка дијалектика на се што постоело, постои и ќе постои, на се' сетилно и несетилно. Музиката е.. артикулиран израз на движење на емоциите и чувствата изразени низ звукот и времето; природа, флора и фауна, сонце, вода, воздух земја...; природен феномен низ кој човекот се обидува да се спознае себеси и душата во нејзините најдлабоки слоеви, да го спознае она што опкружува и да доживува континуирана внатрешна (духовна) метаморфоза во текот на своето битисување; контрапункт на потребата од воздигнување на човекот над основните потреби за егзистенција; љубов..
Д: Што е тоа концерт и зошто е тоа важен момент?
М: Концертот е настан на кој музиката како универзална енергија преку изведувачот може да влијае врз луѓето и да ги менува одвнатре. Звукот и хармонијата имаат моќ за трансцеденција на чувствата и мислите. Изведувачот кај себе го поттикнува чувството на животност за истото чувство да го поттикне кај слушателот. Со таквото давање од својот живот го збогатува другиот живот. Ваквото споделување е чист хедонизам, а изведувачот како и слушателот достигнуваат високо чувство на задоволство, среќа и исполнетост. Концертот е способност за заедништво, сплотеност помеѓу музиката, изведувачот и публиката.
Д: Навистина интересни размислувања, Марија. Но, дали може да се каже дека музиката која очигледно за тебе е поврзана со духовното е занает?
М: Музиката е занает во смисла на techne-вештина или умеење. Умеам да свирам, умеам да пеам. Ако звукот е материја на духот тогаш процесот од едното во другото е способност и вештина. Систематизирањето на различните вештини низ спознанијата за звукот, хармонијата и нивната организираност во музичката материја ја издигнува музиката до степен на наука. Секако умеењето има две фази: способност за музика (музикалност, слух, чувство за ритам) и репродукција на способноста (пеење, свирење, инструмент, компонирање).
Д: Марија, зошто се занимаваш со музика?
М: Со музика се занимавам затоа што ме привлекува природата на звукот. Повеќе сакам звучна од говорна дијалектика. Од кога свесно се сеќавам на моите почетоци со музиката, истата ја восприемав со разбирање. Иако не знаев што е тоа хармонија, хармонијата т.е. различните созвучја ми беа сосема јасни. Тоа е период на многу рана писменост, па може да се каже и неписменост. Моите родители велат дека добро сум пеела. По слух наоѓав различни мелодии на пијаното без да знам дека тоновите имаат имиња. Едноставно, способноста за музика живеела во мене. Друг важен момент во одлуката да се занимавам со музика е способноста на долготрајно меморирање на музички композиции која ја откри мојата наставничка во основно музичко училиште. Чинам бев трет или четврта година кога успеавме да сработиме околу 90 композиции (понекогаш по 5 на час) наспрема 10-15 композиции кои во принцип ги поминува ученик на таа возраст. Тоа беше знак за моите родители дека имам некаков повик за да и служам на музиката.

Д: Што е најубавото, а што најтешкото нешто што си го доживеала преку музиката?
М: Музиката има исцелителска моќ и секогаш успева да ја прочисти душата од позитивните и од негативните емоции. Преку музиката кршиме некои сопствени бариери, но и ги надминуваме.
Д: Марија, често пати на твоите концерти публиката останува без здив од свирењето, но исто така и од одличниот склоп на композиции кои ги вклучуваш во твоите програми. Како ги одбираш делата за концерт?
М: Како ги одбирам делата за концерт? Не знам. Во последниве неколку години интуицијата ми стана многу добар пријател. Таа ми го покажува патот по кој треба да се движам. Среќна сум што е тоа така иако сум свесна дека интуицијата не се активира додека човек не стекне доволно знаење и зрелост. Истражувајќи ја пребогатата историја на литературата за пијано, се пронаоѓам себеси во многу дела од сите периоди и стилови. Но, музиката на Франц Шуберт е нешто во што јас не треба да се препознаам туку јас Сум. Изборот на програма е секогаш условен од нашето досегашно искуство, личниот вкус, но и моменталните уметнички потреби. Понекогаш се тоа композиции кои полесно ќе бидат примени, а понекогаш сакам да играм на црвената линија и да понудам нешто потешко сварвливо или понеобично. Се трудам да спознаам што повеќе музика за да можам да направам добар избор на дела.
Д: Она што е многу актуелно во светот на музиката денес се секако натпреварите. Се чини дека тие се неизбежен дел за младите музичари од кои сите со различен став. Што значат за тебе натпреварите?
М: Натпреварите се форуми на музичари - олимпијада. Тука има силна размена на енергии, философии, размислувања.. Доброто во подготовката за натпревар е мобилизација на пијанистот-музичарот да работи и да сработи во определен временски рок-тоа значи забрзан напредок. Лошото е во негативните чувства и помислата дека мора да се победи или да се задоволат нечии вкусови и потреби. Не мора. Ако тоа му помага некому да напредува и да се надмине себеси заради лично самочувствие, во ред. Но, ако предизвика омраза кон другиот, тогаш подобро не. Другите може да ни бидат само мотивација со се' она што добро го прават, а не фрустрација. Вистинскиот натпревар е со себеси, заради себеси.
Д: Навистина вистинскиот натпревар е со себеси, но колку денес се цени музиката и музичарите?
М: Музиката и музичарите секогаш се ценеле и ќе се ценат. Проблемот е во погледот на светот кој е свртен кон материјалното и правење бизнис од духовното така што духовното е жртва на материјалното. Немам ништо против материјалното, но се додека го помага духовното. Тоа е немоќта на човекот како битие; надвладување на ниските страсти; доказ за несовршеноста; потврда за природата на човекот секогаш да го бара спротивното од тоа што го поседува. Модата на денешното време е брз напредок, добар живот без мака, да се биде над се' и над сите; но катарза мора да следи.
Д: Марија, издвои еден твој концерт кој ќе ти остане во сеќавање по нешто посебно, за нашите читатели.
М: Го издвојувам концертот со програма: Ф. Шуберт - Соната за пијано D.960 и С. Прокофјев - Соната бр.8 во B-dur поради нивната силна космичка димензија и влијание на нас, луѓето.
Д: Рецитал или пијано+оркестар? Има ли разлика во твојата припрема за едното и другото?
М: Рецитал. Не знам дали е заради неможноста често да свирам со оркестар или заради мојата уметничка природа. Можеби е поради двете. Едното ја развива самотијата, а другото социјалноста. Ја сакам и камерната музика во било кој вид и состав.
Музички Патувања се заблагодарува на Марија Ѓошевска за ова интервју. Екипата и пожелува блескава иднина и плодни истражувања во музиката.
Пронајдете не' на Facebook.
(Тимот на Музички Патувања се оградува од одговорите на соговорниците; Музички Патувања само презентира платформа за дискусија)