-Интервју со виолинистот Бојан Илкоски
-Interview with violinist Bojan Ilkoski
(19.09.2015)
"Отсекогаш сум ја чувствувал музиката во себе.."
Choose a language / Изберете јазик
МАКЕДОНСКИ - ENGLISH
МАКЕДОНСКИ - ENGLISH
Драги читатели, имаме посебна чест и задоволство да Ви претставиме уште едно интервју на Музички Патувања. Нашиот соговорник е еден од најперспективните млади виолинисти, еден од најактивните млади македонски музичари и секако виолинист кој зад своето свирење секогаш остава силен впечаток кај публиката и критичката јавност. Добитник е на повеќе престижни награди, меѓу кои престижното прво место на Меѓународниот Натпревар за Гудачи во Ниш, Србија - станува збор за Бојан Илкоски.
Го започнува својот музички пат од рана возраст работејќи со проф. Румен Димитриев, проф. Зоран Џорлев и проф. Олег Кондратенко. Набрзо следуваат бројни успеси - првиот рецитал, бројни настапи, настапи со Македонската Филхармонија, но и државните и меѓународни натпревари. Совладувајќи капитални дела од виолинската литература, неговиот талент и работливост го носат во повеќе европски земји - добитник е на престижната трета награда на Интернационален Натпревар "Недјалка Симеонова" во Хасково, Бугарија, остварува рецитали во рамки на КИЦ-Скопје, настапува на Европски Концерт во Скопје, Концерт посветен на шпанска музика во организација на Шпанска Амбасада во Македонија, Свечено отворање на Интернационалниот натпревар за млади музичари Охридски Бисери, настапува на престижниот фестивал А-ФЕСТ во Нови Сад и на многу други настани.
Во 2013 г., заедно со Бојан го оформивме дуото Илкоски-Имери со кое досега сме настапувале со голем успех во повеќе европски земји, но и во Македонија. Заедно започнавме проект кој опфаќа студиско снимање на капитални дела од литературата за виолина и пијано, а на 23ти Септември, Среда не' очекува екслузивниот рецитал кој ќе се одржи во Музеј на град Скопје во 20 ч. Повеќе од една причина да поразговаравме со Бојан околу неговите идни планови, рециталот кој го очекува, како и неговите музички размислувања.
Дино: Бојан, добредојде. Ти благодарам што одвои време во овие денови на припрема пред твојот концерт да го направиме ова интервју.
Бојан: Дино, ти благодарам за поканата и што ми ја даде огромната привилегија и чест да бидам и јас дел од Музичките Патувања.
Д: Во наш стил, би сакал да го започнам и ова интервју со вечното прашање. Бојан, што според тебе е Музика?
Б: Феноменот музика, по некаква теоретска дефиниција претставува звучна уметност, но во ниеден случај не може една мала дефиниција да одреди што точно претставува музика. За мене музиката значи религија, верување во апсолутната вистина и во оној кој ја создал за преку звук и вибрација да ги просветли нашите души и да ни' помогне дури и во пеколот да го пронајдеме рајот.
Д: Кажи ни' нешто повеќе за твоите почетоци. Зошто баш виолина?
Б: Отсекогаш сум ја чувствувал музиката во себе. Но, започнав да се бавам со неа на 7-годишна возраст. А зошто баш виолина? Затоа што преку нејзе го пронаоѓам начинот на кој би можел да ја изразам љубовта спрема музиката која е неограничена. Виолината е посебен и уникатен глас.
Д: Во среда ќе изведеш рецитал во Скопје со навистина интересна и амбициозна програма. Во што лежи тежината во припремање на еден рецитал?
Б: Овој рецитал, кој ќе се одржи на 23ти Септември, за мене има посебно значение од повеќе причини. Посебно ме радува нашата повторна соработка како дуо кое постојано се развива и оди во нагорна насока со секој следен настап и секогаш на својата публика и прикажува искреност, почит и љубов како спрема музиката така и спрема самата публика. Во секој случај, рециталните настапи имаат поинаква тежина поради разновидноста на крупни и различни музички дела, кои се пред се' камерни, од различни композитори и различни периоди. Секое дело има своја убавина, содржина, приказна, суштина и живот во себе. Тежината, а воедно и убавината на рециталите е да се доловат сите овие сегменти во секое дело посебно.
Д: Апсолутно си во право, секако и јас со големо нетрпение го очекувам нашиот следен рецитал. Кажи ни' нешто повеќе околу твоите размислувања за делата кои ќе ги изведеме во среда.
Б: Програмата на овој рецитал се состои од капитални, монументални дела, според мене бисерите во литературата за виолина и пијано. Брамсовото Скерцо, извадок од Ф.А.Е. сонатата (напишана од тројца композитори: Р. Шуман, Ј. Брамс и А. Дитрих, посветена на познатиот виолинист Јозеф Јоахим) дело кое претежно се изведува како самостојна пиеса за виолина и пијано. Сонатата за виолина и пијано бр.2 од Морис Равел која е ремек дело на композиторот каде што на оригинален начин ја прикажува својата умешност, музикалност, креативност, каде внесува елементи на џез и блуз во својот призвук и на мајсторски начин го пренесува познавањето на овие два инструменти. Рапсодија за виолина и пијано од македонскиот композитор Томислав Зографски - дело кое го имам изведувано повеќе пати и ми е посебно драго, затоа што во себе содржи фолклор на изворно македонски мелос и тоа го прави ова дело оригинално. На крај секако, прекрасната Соната за виолина и пијано од Цезар Франк.
Д: Колку е важна добра комуникација и добра соработка со пијанист-корепетитор?
Б: Секако, Дино, јас и ти заедно имаме свирено на многу концерти.. снимања.. Секој настап за мене претставувал и претставува посебно доживување. Секоја наша соработка ја сфаќам како размена на идеи и гледишта за музиката. Се сеќавам на нашиот прв заеднички настап и сето тоа како се развива до ден денес, а верувам дека и во иднина ќе се развива. Денес, нашето дуо и нашето свирење функционира како едно јадро. Нашата соработка се развива токму поради нашата меѓусебна комуникација и таа секогаш мора да постои. Заедно сме дошле до многу музички идеи, компромиси кои ги имаме постигнато заедно преку кои, мене лично, ми се имаат отворено нови хоризонти и нови доживувања за сите дела што ги имаме изведувано заедно.
Д: Во процес си на снимање на повеќе капитални дела од литературата за твојот инструмент. Зошто е за тебе важна снимката како документ, во што е тежината на снимање во студио и по што тоа се разликува од свирење во живо?
Б: Моите искуства со снимање во студио почнаа од неодамна на моја иницијатива, затоа што морам да признаам дека кога сум со виолина секогаш знаела да ме повлече некаква интуиција, која често станува навика. Не сакам да сум подложен на навики и гледам како да ги избегнувам. Имав прилика да ги слушнам моите лоши навики во свирењето токму тогаш кога влегов во студио. Соочувањето со микрофонот и студиото е нешто многу различно од обична атмосфера. Почетокот ми беше многу тежок и не можев да се пронајдам во таа ситуација, не можев да го пронајдам моето свирење. Студиото за мене е огромна и неизмерно важна лекција затоа што ми помага објективно да се запознаам со себе и своето свирење. Кога јас го слушнав од далеку моето свирење тогаш знаев точно што да правам, што да променам, но и што да задржам во своето свирење. Тоа ми помогна да пронајдам и сосема друг начин на вежбање. Секое мое следно влегување во студио беше се' подобро и подобро. Но, студиото не може да ја долови концертната атмосфера поради една работа - доживувањата. Ако музиката за мене е религија, тогаш концертот за мене претставува ритуал и убавината на секој концерт е тоа што преовладува магија која не може да се опише со зборови, затоа што музиката зборува директно преку сите нас токму на концерт.
Д: Покрај твоите бројни настапи, во биографијата бележиш и повеќе награди на меѓународни натпревари. Што мислиш за натпреварите? Дали се тие валиден начин да се откријат нови таленти или сепак тоа се настани за поединци (кога ќе се земат во предвид огромните финансиски трошоци кои самиот музичар мора да ги сноси)?
Б: Досега сум имал прилика да учествувам на повеќе државни и меѓународни натпревари. Сум се соочувал со голема конкуренција, со учесници од најразлични земји и искрено бев импресиониран кога ќе видев дека има толку многу талентирани млади музичари виолинисти, мои врсници, постари но и многу помлади од мене, кои во тие времиња ми беа голема лекција да се споредам каде сум јас во однос на нив. Тоа ми помогна и ми даде уште поголема мотивација за уште повеќе вежбање и усовршување. Денес во музичкиот свет целото внимание е свртено кон тие големи меѓународни конкурси кои публиката ги следи со огромен интерес и се' поголем е бројот на учесници на истите. Веројатно е тоа така затоа што изведувачите денес таму го пронаоѓаат патот, затоа што не е лесно да се дојде до добивање на концерт. Конкуренцијата е огромна. Би можел да кажам дека натпреварите имаат свои позитивни и свои негативни страни. Мене лично, натпреварите ми помогнале да видам до каде сум во однос на другите и верувам дека се од полза на секој млад музичар, но сум дошол до заклучок дека музиката не е, не може да биде и не треба да биде натпревар.
Д: Кои се твоите критериуми по кои оценуваш дали некоја изведба е врвна или не? Кои се најважните работи кои ги бараш во твоите изведби, но и кога слушаш други музичари?
Б: Идеална изведби не постои. Тоа е индивидуална работа која исто така не познава граници. Изведбите кои ги слушам се обидувам да ги слушнам објективно и внимателно и без никаков суд дали е тоа добро или лошо. Сметам дека во изведбата треба да излезе на површина она што е доследно на идеа и она што доаѓа спонтано директно преку нашиот внатрешен глас. Тоа се трудам да го пронајдам во моето свирење, а тоа е како по природен пат да дојдам до идеа, а и преку тоа да го вметнам мојот печат, мојот дух и сензибилитет, моите доживувања преку музиката.
Д: Бојан, ти благодарам за времето кое го одвои да го направиме ова интервју - секако уште едно потсетување до Вас, наши драги читатели, можете да го проследите свирењето на Бојан во Среда (23.09.2015) во Музеј на град Скопје во 20 ч. Влезот е слободен.
Тимот на Музички Патувања му посакува блескава иднина на Бојан Илкоски!