-Интервју со Дуо-пијано М - Мимоза Ќека и Маја Божиновска, млади уметници со големи амбиции
-Interview with Piano-duo M - Mimoza Keka & Maja Bozinovska, young and ambitious artists
(15.07.2016)
"Секој град си донесе свој белег.."
Choose a language / Изберете јазик
МАКЕДОНСКИ - ENGLISH
МАКЕДОНСКИ - ENGLISH
Имавме можност да поразговараме со две млади пијанистки, кои неодамна внесоа свежина на културната сцена во земјата - Мимоза Ќека и Маја Божиновска годинава ја реализираа својата прва македонска турнеја низ повеќе градови, со голем успех настапувајќи заедно како пијано-дуо. Тие, со своите настапи во Гевгелија, Кавадарци, Велес, Скопје, Битола и Прилеп успеаа да ја доближат класичната музика до голем број луѓе, кои вообичаено немаат можност да присуствуваат на концерти од овој тип, освен во главниот град. За познавачите на класичната музика, Мимоза и Маја се веќе познати имиња - двете дипломираа на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје, а заедно настапуваат веќе неколку години. Нивната креативна енергија и стремеж беа директен повод да поразговараме со нив околу нивните впечатоци од турнејата, нивните ставови за музиката и културата кај нас, како и многу други теми.
Дино Имери: Најпрво, секако добредојдовте на Музички Патувања и Ви благодариме што одвоивте време за ова интервју.
Мимоза и Маја: Здраво, Дино - ти благодариме на поканата!
Д.И.: На почеток, како дојдовте до идејата да оформите дуо-пијано, кој како тип на ансамбл е нешто што дефинитивно фали во нашата земја?
М.М.: Зародишот на ова дуо се случи непосредно по почетокот на факултетските денови, кога всушност и се запознавме подобро како музичари и личности пред се'. Колку повеќе растеше нашето пријателство, толку повеќе желбата за заедничко музицирање беше поголема. Па така, како две млади ентузијастки водени од љубовта кон музиката решивме да основаме ансамбл од овој тип бидејќи увидовме дека ова е нешто што несомнено и фали на нашата сцена.
Првите настапи како камерно дуо ги остваруваме на фестивалот "Златна Лира" во Скопје, по што следуваат настапи во склоп на циклусот концерти "Musica Viva" при ФМУ-Скопје, но и други фестивале каде што сме постојано активни се' до крајот на додипломските студии. Во 2014 г., остваруваме соработка со камерниот оркестар на ФМУ-Скопје под диригентство на Сашто Татарчевски, каде успешно го изведуваме "Карневал на животните" од К. Сен-Санс.
Оттогаш, со секој наш настап задоволството растеше, а плановите се множеа, и ете не' така, полека, полека ги остваруваме и интензивираме, овој пат и со концертна турнеја низ Македонија.
Д.И.: Нaстапивте во повеќе градови од земјата, какви се вашите вшечатоци од концертите? Дали забележавте интерес кај публиката и дали сметате дека концертните турнеји низ републиката треба да се интензивираат кај младите уметници?
М.М.: Концертната турнеја помина одлично! Во секој град бевме одлично прифатени од страна на публиката, која зачудувачки покажа голем интерес за вакви настани и несебично не’ поддржуваше и слушаше! Видовме дека публиката е желна за вакви несекојдневни концерти. Таа ни возврати со исто толку љубов и енергија колку што и ние ја дадовме во секој еден град.
Сметаме дека вакви настани и турнеи на млади уметници се ретки, тоа е нешто што треба да се случува се почесто во нашата земја, публиката да има можност да ја спознае и да биде во постојан контакт со класичната музика. Целата замисла на оваа концертна турнеја, покрај промотивниот карактер, беше со цел да се покрене публиката во Македонија што почесто да посетува концерти на класична музика, тоа да стане дел од нивното секојдневие, и тоа не само во поголемите градови каде што можностите за посетување на вакви настани се почести, туку и во помалите градови да се претстави еден ваков вид на музицирање, каде што тамошната публика можеби има ретка можност да посети и слушне.
Па затоа ние, младите уметници, треба да се ангажираме и стремиме за што повеќе да концертираме низ целата земја и да овозможуваме да се слушнат концерти со квалитетна музика со што публиката подобро би не' запознала нас како млади уметници, а со тоа и културно би се воздигнувала. Сето ова нека биде поттик и охрабрување за сите млади уметници што почесто да организираат турнеи низ градовите во Македонија, бидејки тоа е она што би дало нова свежина во музичкиот живот кај нас.

Д.И.: Oд друга страна, со какви потешкотии и предизвици се соочивте при организација на турнеја од ваков тип? Дали има услови во помалите градови за реализација на вакви концерти?
М.М.: Пред се', организирањето на ваква турнеја беше голем предизвик за нас, но секој предизвик си носи и свои потешкотии. Покрај уметничкиот дел, на нас беше да се погрижиме и за оној менаџерскиот- и тоа, избор на датуми и место, ангажирање сала, печатење на пропаганден материјал- се она што подразбира техничка подготовка на концерт. Организацијата беше напорна и бараше повеќе труд и време, особено затоа што се работеше за шест градови низ земјава (Гевгелија, Кавадарци, Велес, Скопје, Битола, Прилеп). Овие шест градови ги избравме земајќи ги предвид музичкиот живот и соодветните концертни сали и инструменти таму. Секој град си донесе свој белег, топло бевме пречекани секаде и наидовме на одлични услови дури и во помалите градови.
Во Кавадарци бевме дел од таков уметнички ден кој беше исполнет со различни настани, вклучуваше испреплетување на уметностите- поезија, сликарство, музика...каде ние уметниците од цела Македонија, имавме можност да се запознаеме меѓусебно, но и задоволството беше на публиката која можеше- додека слуша музика, истовремено да ги гледа прекрасните слики кои што беа изложени на самата сцена, а потоа и да ужива во поезијата на поетри слем натпреварот. Во Прилеп пак, почестени бевме што имавме можност да бидеме дел од програмата на Прилепското културно лето, каде организацијата течеше беспрекорно со што ни овозможија одлично претставување од самиот почеток па се до крајот на концертот.
Сепак и покрај целиот труд за организација на ваква турнеја од големо значење е и поддршката, па затоа тука ја користиме можноста да искажеме огромна благодарност до Фондацијата ,, Томислав Зографски’’ и г-ѓа Панда Зографска Беличанец, која несебично не поддржа во дел од концертите од оваа наша турнеја.
Д.И.: Маја, што претставува за тебе музиката? Зошто е таа важен дел од твојот живот и зошто сметаш дека треба да биде значаен дел од секојдневието на луѓето?
Маја: Хмм, тешко прашање. Музика. Тој свет за мене претставува нешто возвишено, нешто исконско што ме носи во некои други сфери - сфери каде што можам да летам кон непознатите, за мене неоткриени краишта, нешто преку кое можам да се отворам кон самата себеси и да ја најдам суштината за моето постоење. Изведувајќи музика, секој пат откривам нови светови, а секој свет си носи нова магија со себе, магија која како изведувач ја имам честа да ја почувствувам и доживеам. Можеби ќе звучам интровертно, но едноставно таму живеам само јас самата, со сите мои соништа и мечтаења, со сите мои фантазии а тоа ме прави среќна и исполнета.
Преку неа, јас почувствував дека се развив во личност отворена кон благодетите кои ни ги носи овој свет, ја продлабочив мојата естетско- умствена природа и поради тоа ја избрав да биде еден многу важен дел од мојот живот. Затоа сметам дека секој човек треба да и дозволи на музиката да биде дел од неговиот живот, бидејќи само така ќе може да ги доживее највозвишените чувства кои ги нуди уметноста.
Д.И.: Мимоза?
Мимоза: Mузиката за мене претставува возвишено чувство со многу варијации во зависност од животните искуства во одредени периоди, таа е глас кој допира до секоја душа, таа е како времеплов кој ме носи во најразлични периоди и ми овозможува спознавање на времето во кое композиторите твореле. Што се однесува за можностите за остварување на потенцијалот на младите уметници, сметам дека има услови, но сето тоа зависи од многу фактори. Потребна е поголема поддршка за афирмација на младите, што подразбира системска организација. Културните центри низ градовите во Македонија се една од можностите за реализација на потенцијалот на младите уметници, каде тие би се претставиле и би ја доближиле музиката до пошироката јавност.
Д.И.: Би сакал да споделите со нас нешто околу програмата која ја изведувавте на вашата турнеја?
М.М.: Нашата програма ја избравме и конципиравме на таков начин да опфаќа различни стилови и епохи, со што и публиката би имала можност подобро да се запознае со нив. Станува збор за дела- класици, кои се од есенцијално значење во литературата за четирирачно пијано и тоа- Ф. Шуберт- Фантазија во f-moll, К. Дебиси- Шест антички епиграфи и С. Рахмањинов- Шест пиеси, со чија изведба сметаме дека можеме да доловиме најразлични чувства како и слики во имагинацијата на слушателот.
Така концертите ги започнувавме со Фантазијата на Шуберт каде уште преку првата тема ги пленивме срцата на слушателите, па потоа со Дебиси кој иако невообичаен, секој епиграф носеше своја тематика и му овозможуваше свое индивидуално доживување на слушателот. Следеа шесте парчиња на Рахмањинов кои со нивната богата мелодиско-хармонска структура дадоа посебен шарм на епилогот на ова музичко патување.
Воопшто, сите дела од репертоарот беа одлично восприемени од страна на публиката која ги доживеа со восхит, задоволство и уживање.
Д.И.: Следни планови, нови концерти, звучни записи?
М.М.: Се разбира, планови секогаш има, а ние се стремиме кон нивно остварување. Задоволни сме од тоа како помина концертната турнеја и веќе сме поканети за повторно концертирање во некои од градовите. Увидовме дека ваквата програма е одлично прифатена од страна на публиката, па остваривме и звучен запис, за што се надеваме дека ќе имаме и можност да го ставиме на носач на звук во најскора иднина, за што би имале прилика да разговараме во некое наредно интервју.
Тимот на Музички Патувања им пожелува уште многу големи успеси на Мимоза и Маја!